Ви благодариме што купувате на онлајн продавницата на Модно Студио ЛЕ-ТЕ.
Ако не сте задоволни со нарачката, тука сме да Ви помогнеме.

Рефундирање на трансакција

Модното студио ЛЕ-ТЕ ќе ги врати парите на купувачот ако се направи погрешно плаќање, а тоа може да се реализира со поднесување писмено барање на нашата е-маил адреса contact@lete.mk со доказ за плаќање, име и презиме, е-маил адреса што е поврзан со сметката, датумот на кој е направено плаќањето и во кој износ.

Враќање на производот

Во Модно Студио ЛЕ-ТЕ, сите производи се со висок и контролиран квалитет и се проверуваат за какви било грешки пред да бидат испратени до клиентот. Ако не сте задоволни со квалитетот на купените производи што сте ги примиле, Ве молиме контактирајте не во делот за жалби и повратни информации веднаш, наведувајќи ја причината поради која не сте задоволни со производот. Во овој дел, внесете го вашето име, презиме, e-mail, телефонски број, број за нарачка, име на производ, код на производот и причината за враќање на производот. Ние ќе го обработиме ова барање што е можно поскоро.

Враќање/замена на производот

Ве молиме имајте во предвид дека сите производи купени на овој сајт се финални и не нудиме повраток на средствата. Меѓутоа ако клиентот не е задоволен со производот, нудиме замена со друг производ или кредитен ваучер со кој може да купите друг производ од нашиот сајт, а истиот е со важност од 3 месеци. Ако не сте задоволни од производот, истиот мора да се врати во рок од 7 дена од одобрувањето на рекламацијата.
Жалбата ќе биде прифатена само ако примениот производ ги исполнува следниве услови:

  • Производот е во погрешна величина
  • Сте добиле погрешен производ

Рекламацијата нема да биде прифатена доколку:

  • Производот е оштетен од ваша страна (од носење, кинење, перење и сл.)
  • Производот е купен на распродажба
  • Производот не ги содржи сите оригинални етикети и декларации
  • Рекламацијата не е поднесена веднаш (во рок од 24 часа од прием на производот)

Доколку рекламацијата е прифатена, истата ќе биде испроцесирана во рок од 10 дена од приемот на пратката. Откако ќе се испроцесира, производот ќе биде испратен до вас, а испораката подлежи на нашите Информации и услови за испорака.

Трошоците за испорака не се рефундираат.

Доколку вашите производи ги исполнуваат условите за рекламација, откако ќе добиете одобрение од наша страна, испратете го производот вклучувајќи ја оригиналната фактура на вашиот пакет, на фактурата заbele`et го производот кој го менувате и наведете ја точната величина или производ кој сте сакале да го добиете. Пакетот мора да ги содржи сите оригинални етикети и декларации и заедно со фактурата да бидат испратени до нашта адреса.

Оштетени производи

Ако сте примиле оштетен производ, Ве молиме веднаш да не известите за помош.

Откажување на нарачка

Ние нудиме целосна наплата, ако нарачката е откажана во рок од 24 часа од купувањето. Треба да поднесете барање за откажување на нарачката на нашата мејл адреса contact@lete.mk откако ќе одлучите да ја откажете нарачката. За нарачки откажани по 24 часа купување, но не биле испорачани, ние ќе понудиме делумно враќање на средствата со 15% надомест за откажување. Ние НЕ прифаќаме барање за откажување на нарачките доколку истите се испратени.