Се додека откриваш и пробуваш дотогаш си и жив. Суштината е во откривањето на вистинската суштина.

ЛЕ – ТЕ

Модно Студио ЛЕ-ТЕ официјално започнува во 2006 година.Неофицијалните почетоци се од 1996 година каде започнува приказната за DEEP. ЛЕ-ТЕ проникнува со еден поинаков пристап кон реализација на желбите на клиентот.Се создава ретроградно компромис помеѓу најразличните техники за да се задоволат потребите.Содржината за успешна реализација е микс од конструкција и деконструкција на облеката со драпирање на самиот клиент и микс од различни везови и слични техники.Специфичноста како епитет на компромисот е важноста на изгледот паралелно како на жената така и на мажот и секако најмалите.За да спектарот е во целост тука е и присутноста на сите видови материјали.

ЛЕ-ТЕ со својот тим и соработници успешно успева да одговори на предизвиците од аспект на дизајн ,стилизирање, помали серии,прототипови и шаблони,моделирање и драпирање,од скица до реализација и рачни везови и изработки. Во историјата на ЛЕ-ТЕ се запишани многу искуства и задоволни клиенти кои ја дале довербата пренесена од искуства на претходни клиенти.Сега тимот на ЛЕ -ТЕ е подготвен за нови хоризонти каде ќе се стреми да одговори на поголем спектар од различности.

Катерина Тошева

lete.mkВо текот на моето образование како конфекциски моделар, јас неофицијално го отворив моето модно студио. Во 2006 Модно Студио ЛЕ-ТЕ официјално започна со својата работа. Сите тие години исполнети со напорна работа, истражување, самостојно учење и непроценливо искуство, во 2018 решив да го надоградам со завршување на академијата Џолев и уметноститеSEAVUS каде се стекнав со диплома – Моден дизајнер.

Галерија

РАБОТНО ВРЕМЕ

ПОНЕДЕЛНИК – СРЕДА – ПЕТОК

12:00 ~ 20:00

ВТОРНИК – ЧЕТВРТОК – САБОТА

08:00 ~ 16:00