Прифаќање на нарачка
Откако ќе ја направите Вашата нарачка и ќе се процесира плаќањето, ќе добиете имејл со детали за вашата нарачка. Овој имејл не е прифаќање на вашата нарачка, туку е потврда дека нарачката е добиена. Прифаќање на вашата нарачка ќе биде извршено кога ќе добиете имејл со потврда дека производите ќе бидат испорачани. Модно Студио ЛЕ-TЕ го задржува правото на одбивање на Вашата нарачка во случај ако:
- Недостасува овластување за плаќање
- Ограничување на превозот за одредена дестинација
- Нарачката е надвор од акциите или не ги задоволува нашите стандарди за контрола на квалитет или производот е повлечен од продавницата
- Не ги исполнуваат критериумите за подобност во рамките на рокови и услови
Во случај на одбивање на нарачка, средствата кои ги имате уплатено ќе ви бидат вратени во целост на вашата трансакциска сметка.
Го задржуваме правото да одбиеме да се процесира трансакцијата или да одбиеме услуги во секое време, според наша сопствена дискреција. Ние нема да бидеме одговорни кон вас или било која трета страна со причина за повлекување на било кој производ од веб страната, без разлика дали производите се продадени или повлечени од продажба, има процес на скрининг или менување на материјалите или содржината на страната, со што може да се одбие процесирање на трансакција или оптовикување/суспендирање на секоја трансакција, иако трансакцијата може да е веќе отпочната.
Сите производи се предмет на прифаќање и достапност. Производите во вашата шопинг кошничка не се чуваат до завршувањето на вашето купување и сеуште се на располагање на други корисници.
Онлајн продавницата на Модно Студио ЛЕ-ТЕ нуди производи за продажба, производи кои се на акција и се на располагање да се испратат.
Информации за испорака
- Во Република Северна Македонија – Нарачките пристигнуваат во рок од 1-7 работни дена освен ако не се појават технички проблеми, за испораката да се одложи најдоцна за 60 работни дена
- Остатокот од светот – Нарачките пристигнуваат во рок од 7-60 работни дена
Испораката на територија на Република Северна Македонија е бесплатна.
За интернационална испорака поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката во крајната цена на производот.
Производите ќе бидат испорачани преку DHL и Брза пошта на адресата која е наведена во порачката.
Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата. Крајната цена ќе биде зголемена со дополнителна сума во зависност од испораката. При процесот на купување вие сами ке можете да одберете опција за која компанија сакате да ви го испорача производот.
Ве молиме имајте во предвид дека времетраењето на испорака на производот се засметува од моментот на примање на средствата кои ги имате уплатено за саканиот производ.
За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.
Модно Студио ЛЕ-ТЕ не одговара и не ги прифаќа царинските трошоци во земјата каде се доставува нарачаниот производ.
Сабота, недела и државни празници не се сметаат за работни дена.