Не е нулата вредност која секогаш означува ништо-за да се дојде до производ нула, се пресметува со вредности

Мотивот за било какво вреднување во животот започнува уште во раните години.Се присетувам на моите рани шест до осум години.И јас и сестра ми имавме по една кукла ,кои стоеа во плакарот и никако не смеевме да ги земеме и постојано да играме со нив.Најчесто можеше да ги гледаме од далеку.Не можам да кажам со сигурност дали така е исправно,но можам да кажам дека тоа вроди во мене огромна сила за истрајност и упорност во остварување на идеалите.Всушност не ми беше предзвик да ја земам куклата и да играм со неа,туку сакав да ја соблечам од нејзиното фустанче . Го превртував и го разгледував како е направено ,што мајка ми навистина ја нервираше.А уште повеќе ја нервираше дека тоа го правев и на куклата од сестра ми.Патем , на мајка ми хоби и беше да си направи парче облека и секогаш имаше некои остатоци од материјали.Го користев секој момент кога не ме гледа да ги извадам парчињата ,кои ги криев под фотелјата и да ја соблечам и да ја облечам во истите,онака како јас сакам да изгледа.Тоа така се одвиваше се до оној момент додека таа не сфати и одлучи да ни ги даде куклите да правиме што сакаме со нив.И сега тука е пресуден момент,веќе не ти е привлечно бидејќи ти е достапно.Но од тука се започна.Имав 12 години кога земав парче материјал и од него изработив тогаш трендовски стегач за коса бидејќи не можев да си купам.Го изработив од парче кое останало за фрлање.Кога ме видоа на училиште се фрапираа ,бидејќи никој немаше таков стегач,беше уникатен дизајнот на материјалот.Секогаш трендовски се повторуваа материјалот и бојата ,но во мојот случај беше спротивното.Ме прашаа од каде ми е ,и читав во нивните очи очекуван одговор дека ми го донеле од странство,но добија неочекуван и искрен одговор дека јас сум го направила.Ден два беше мирно и потоа побараа и они да имаат уникатен стегач ,и да им направам.Секако им правев но и го наплатував.Потоа направив чантиче за моливи и така почнав да заработувам за џепарлак.Во тој период направив нешто за што не бев свесна ни самата.Беа во тренд ѓубретарци ,и понесена од желбата да имам и јас се обидов самата да го изработам. Имавме неколку парчиња чоја во две нијанси виолетова и розева од остатоци .Немав никакви теркови .Земав палто од мајка ми и ги исцртав деловите а за капуљачата се снајдов од мојот мантил за дожд.Деловите од палтото ги намалив а делот за капуљача го зголемив-нешто како сами да си правите сложувалка.Ги споив деловите и ги искорегирав вишоците .Но на крајот дојде моментот за копчиња .Неможејки да си приуштам ,добив идеја сама да изработам ,и направив врвка од чојата и ја замотав во круг како полжав кои рачно ги сошив .Илики не знаев рачно да изработам и направив гајќи наместо нив.Несвесно изработив уникатен ѓубретарец.
Тоа е мојата почетна вредност од нула.

И секако не завршува тука…
Накратко се се сведува на упорноста и истрајноста но најмногу на искреноста поткрепена со чесност.
Јас денес ја работам таа професија,активно повеќе од дваесет години ,услужувам и им удоволувам на моите клиенти..Можеби не се пронајдов во милјонските суми но се пронајдов во искрените насмевки пред огледалото.
Секогаш повисока е вредноста од нула додека пресметуваме дали навистина е нула……

НАЈГОЛЕМИТЕ УСПЕСИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ВРЕДНОСТИ